Кремљ: Активирањето на противракетната заштита е закана за руската безбедност
Активирањето на американскиот ракетен штит во Романија претставува закана за националната безбедност на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Без сомнение, распоредувањето на противракетниот систем е закана за безбедноста на Руската Федерација. Ќе бидат преземени мерки со цел да се заштити неопходното ниво на безбедност на земјата, рече Песков пред новинарите во Москва.
Песков потсети дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати го поставувал прашањето против кого е тој систем вперен.
Американскиот ракетен штит во Романија кој има за цел да ја заштити Европа од заканите од балистички проектили стана денеска оперативен.
На церемонијата за покренување на штитот во базата која своевремено ја постави Советскиот Сојуз, 180 километри југозападно од Букурешт, говореше генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг, во присуство на американски и романски функционери на НАТО, пренесува Танјуг.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти вчера дека американската одлука за поставување и активирање на ракетен штит во Романија е погрешна, дека претставува кршење на Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел и директно ја погодува руската национална безбедност.
Американските функционери велат дека заштитата, која чини 800 милиони долари, има за цел да ја заштити Европа од заканите на Иран и дека не е насочен против Русија.
Романскиот претседател Калус Јоханис изјави по состанокот со Столтенберг во Букурешт дека Романија сака НАТО да има „постојано поморско присуство“ во Црното Море и повика на зајакнување на безбедноста за членките на НАТО на југ и исток, на границите со Русија и Блискиот исток.
Столтенберг нагласи дека реакцијата на Русија по повод штитот е неодоговрна и неоправдана, тврдејќи дека системот не е вперен против Русија.
Ново на Сител
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период