Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин во моментов нема планови да се сретне со новоизбраниот претседател Доналд Трамп, и покрај се почестите разговори за можен мировен договор за ставање крај на руската војна против Украина.
Трамп на конзервативната конвенција на 22 декември рече дека Путин му рекол дека „сака да се сретне со мене што е можно поскоро“.
Како одговор, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека „засега нема конкретни сигнали“ да се договори средба со Трамп пред неговата инаугурација во јануари.
Минатата недела Путин јавно ја навести можноста за отстапки, постојано нагласувајќи за време на неговата годишна прес-конференција дека Русија е подготвена на компромис.
Сепак, Путин постави голем број услови за каков било компромис, сугерирајќи дека Москва сè уште се обидува да ја потчини Украина и да добие големи безбедносни гаранции од НАТО и Западот, додека не го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за легитимен лидер.
Аналитичарите велат дека зад затворени врати во Москва, Киев, Брисел, Вашингтон и другите престолнини, дипломати, политички лидери и воени претставници се подготвуваат за сеопфатен напор да се најде решение за најголемата копнена војна во Европа по Втората светска војна.
Ново на Сител
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март