Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став

Кремљ денеска соопшти дека некој треба да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи мир, откако расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба покажа колку е тешко да се најде начин да се стави крај на војната.
- Тоа што се случи во петокот во Белата куќа, се разбира, покажува колку ќе биде тешко да се преговара за патот кон решение во врска со Украина, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека „режим во Киев“ и Зеленски не го сакаат мирот, туку продолжување на војната. -Многу е важно некој да го присили самиот Зеленски да го промени својот став, рече Песков.
„Некој мора да се погрижи Зеленски да (почне) да го сака мирот. Ако тоа им појде од рака на Европејците, тие треба да бидат почестени и пофалени, додаде тој.
Рускиот претседател Владимир Путин испрати десетици илјади војници во Украина во 2022 година, што доведе до најголемиот судир меѓу Русија и Западот од Студената војна.
Конфликтот во источна Украина започна во 2014 година откако прорускиот претседател беше соборен во таканаречената Револуција на достоинството, Русија го анектира полуостровот Крим, а проруските сепаратисти се судрија со украинските вооружени сили.
Песков рече дека Путин бил свесен за „настанот без преседан“ во Овалната соба, што, според него, барем го покажува недостигот на дипломатски вештини на Зеленски.
- Исто така, видовме дека колективниот Запад делумно почна да го губи својот колективитет и дека почна фрагментацијата на колективниот Запад, рече Песков.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
