Крис Хипкинс ќе биде новиот премиер на Нов Зеланд
Министерот за образование, полиција и за јавни служби на Нов Зеланд Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на таа земја бидејќи тој беше единствениот кандидат да ја наследи Џасинда Ардерн на чело на Лабуристичката партија.
Хипкинс (46) в недела треба да ја добие поддршката од сопартијците, но тоа сега е само формалност.Официјалниот трансфер на власта ќе следи во наредните денови.
Хипкинс рече дека е многу горд што ја презема улогата и дека тоа е најголемата одговорност и привилегија во неговиот живот.
Ардерн ги изненади граѓаните во четвртокот кога ја објави својата оставка по пет и пол години како премиерка.
Фактот што немаше други кандидати да ја наследат како лидер на партијата покажува дека пратениците од Лабуристичката партија застанаа зад Хипкинс за да избегнат долготрајна трка за премиерската функција. Хипкинс ќе биде на функцијата нешто повеќе од осум месеци пред општите избори.
Анкетите покажуваат дека Лабуристичката партија во моментов е зад нејзиниот главен противник, конзервативната Национална партија.
Ново на Сител
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
