Кривичен суд: Главната расправа за Дива населба е јавна
Основен суд Скопје 1 - Скопје во целост ги демантира одредените новинарски написи и коментари околу судењето за настаните од кумановско Дива населба, дека судењето било затворено за јавноста.
- Како суд во целост ги демантираме овие наводи и потврдуваме дека главната расправа по овој предмет е јавна и како јавност освен медиумите присуствуваат и претставници на ОБСЕ и невладини организации од земјата, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.
Претходно од Судот информираа дека ги обезбедиле сите неопходни услови за водење на постапката, пред се имајќи ги во прв план правата на странките во постапката и нивната безбедност. - Заради просторните ограничувања на судницата, на медиумите им беше овозможено судењето да го следат преку видео пренос во библиотеката на судот. Но одредени медиуми кои воопшто не беа присутни во судот инфомриаа дека судењето наводно било затворено, за што најдобар демант беа бројните телевизиски прилози и новинарски текстови кои ги објавија новинарите кои професионално го следеа судењето, се додава во соопштението.
Во врска со роднините на обвинетите кои немаа можност да влезат на судењето, како што се посочува во соопштението, потребно е да се знае дека роднините имаат право во секое време да ги посетат обвинетитие во установите каде ја издржуваат мерката притвор, и судот им ги обезбедува сите неопходни дозволи, а што се однесува до присуство на судењето, Законот за кривична постапка не предвидува дека судот мора да им дозволи на роднините да присуствуваат на судењето, а како јавност во постапка се подразбираат сите лица кои транспарентно и непристрасно ќе ги следат и пренсат случувањата во судницата.
- Воедно мора да се има предвид дека освен желбите на роднините на обвинетите да го следат судењето за нивните блиски, подеднакви се и желбите на семејствата на оштетените и жртвите од овој настан, од кои причини Кривичниот суд упатува порака до сите вклучени страни во оваа постапка да не ги разгоруваат чувствата на двете страни бидејќи со истото не придонесуваат за судење во една смирена атмосфера, стои во соопштението од Судот.
Ново на Сител
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани
-
ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија