Кривична и притвор за 2 лица: Претепале и ограбиле жена од Крива Паланка
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека се сторители на кривично дело „разбојништво“ од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик лани, во Конопница, кривопаланечко.
Како што соопшти ОЈО на РМ, осомничените на 16 октомври 2017 година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка, физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото со дрвен стап и и се обратиле со зборовите „каде се парите“.
Двајцата со употреба на сила и сериозна закана од оштетената одзеле пари во износ од 20.000 денари и една златна паричка.
-Постапувајќи по поднесената кривична пријава против двајцата осомничени, Основното јавно обвинителство Куманово до судија на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе предлог за определување притвор. Судијата на претходна постапка со решение го уважи предлогот на Обвинителството и ја определи предложената мерка притвор за двајцата осомничени во времетраење од 30 дена, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај