Кривична и притвор за двајца дилери на дрога во Неготино
Кривична пријава и притвор заработија двајца дилери на дрога во Неготино. Пред еден месец двајцата излегле од затвор и веднаш почнале да „дилаат“.
Како што соопшти МВР, одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-На 20 февруари 2020 година во периодот од 11:30 до 13:30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14:15 и 15:30 часот бил извршен претрес во домот М.А.во село Корешница, при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба, се наведува во полициското соопштение.
Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.
Според МВР, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар