Кривична пријава и суспензија за полицаец за неколку кривични дела
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик.
Имено, откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано.
По документирање на случајот до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес