Кривична пријава против скопјанец кој испратил текст со говор на омраза до функционер и Владата
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Пријавениот, како што соопштуваат од МВР, по пат на информатички систем, на 06 мај 2020 година до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Македонија испратил текст со говор на омраза.
– Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава во која се ширел говор на омраза, посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје