Кривична пријава против скопјанец осомничен за сторени две кривични дела
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднела кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека на 14.10.2024, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и три шок бомби.
Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место