Кривична пријава за албански државјанин за кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Либражд – Република Албанија.
Како што соопшти СВР Охрид, пријавениот на 27 јануари годинава со уште едно лице од Албанија, во близина на граничниот премин „Ќафасан“ илегално ја преминале државната граница и во населбта Теферич од еден автосервис одзеле патничко моторно возило марка „БМВ- 320Д“ кое, незаклучено и со клучевите на брава било оставено на поправка.
- Двајцата, со возилото се упатиле во селото Велешта каде, А.П. повторно влегол во авто сервис и извршил тешка кражба. Тој со подесен предмет го скршил прозорот, влегол во сервисот по што извршил пребарување, а потоа и одземање на алати и воздушни филтри во вкупна вредност од 120.000 денари. По извршените казнени дела и со одземените предмети, пријавениот и неговиот пријател се упатиле кон граничниот премин „Ќафасан“. Одземеното возило го оставиле во близина на граничниот премин и повторно илегално ја преминале државната граница, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По извршени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струга, на пријавениот му е изречена мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од три години.
Пријавениот А.П. и е познат на службата како сторител на повеќе слични казнени дела на подрачјето на Струга.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
