Кривична пријава за двајца кичевчани за учество во тепачка
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка“, полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава против И.П. (41) и К.П. (34). Пријавените, на четврти минатиот месец најнапред вербално, а потоа и физички го нападнале А.С. (51) од Кичево.
Настанот се случил околу 15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Откако го пресретнале во близина на неговиот дом, двајцата пријавени најпрвин започнале вербална расправија со А.С. а потоа физички го нападнале со тупаници задавајќи му повеќе удари по целото тело. Физичкиот напад од улицата продолжил и во дворно место од куќата на оштетениот. Со здобиени телесни повреди, А.С. бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро