Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук во изминатите 24 часа, кои се соодветно документирани.
Против Г. Т. (48) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви
закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk
Министерството за внатрешни работи нема да толерира закани по живот на граѓани и повици за насилство и ќе ги презема сите потребни мерки за одржување и зачувување на јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја