Кривична пријава за нелегално приредување игри на среќа во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и 14 физички лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“.
Како што соопштија од МВР, станува збор за физички лица М.А.Ч. (25) од Турција, Б.Б.(30) од Тетово, О.С. (28) од Турција, О.Ј. (23) од Турција, Ј.С. (33) од Тетово, А.Р од Тетово, А.К. (26) од Тетово, Ј.К. (30), М.С. (25) од Тетово, Ш.Н. (22) од Гостивар, Б.Х. (20) од Тетово, Ф.П. (49), Е.С .(23) и А.А (28) од Тетово.
Од МВР посочуваат дека правниот субјект и останатите пријавени физички лица во текот на јули оваа година во простории на правниот субјект организирале и приредувале онлајн игри на среќа без издадена лиценца, односно без дозвола од надлежен орган.
– На 29 јуни оваа година полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од УЈП Тетово и ДПИ Тетово извршиле контрола во објектот и притоа затекнале повеќе вклучени компјутери на кои се играле „Слот игри“, повеќе административни различни панели и на секој од нив имало извршено парични трансфери во турски лири, како и многу клиенти кои контактирале преку „Скајп“ апликација за комуникација и кои биле конектирани на шест ИП адреси во Холандија преку други апликации кои се користат за конектирање на друг компјутер се со цел прикривање на реалната ИП адреса, се наведува во соопштението.
Притоа, биле одземени осум компјутери, два лап топи, повеќе ливчиња со упатства на турски и англиски јазик и други предмети.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
