Кривична пријава за полицаец за примање поткуп

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Б.Џ., полициски службеник во Одделението за безбедност на патниот сообраќај, СВР Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп“, по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.
Пријавениот на 24-ти овој месец во својство на полициски службеник, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со намера да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 6.000 денари, а со цел да не изврши службено дејствие, односно да не му издаде платен налог на оштетениот за наводно сторен прекршок во сообраќајот, иако во рамките на своето службено овластување морал да го изврши. Подоцна истиот ден пријавениот ја примил паричната награда.
По поднесувањето на кривичната пријава, истата е доставена до ОЈО ГОКК и Б.Џ. е изнесен пред Судија на претходна постапка, којшто му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Истовремено, отпочната е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Ново на Сител
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
