Кривична пријава за полициски службеник кој пукал на семејна веселба

Полицискиот службеник, В.И., вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од КЗ.
МВР денеска соопшти дека по претходно добиени информации дека полициски службеник, вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, извршил кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и СВР Скопје - Единица за насилен криминал и Единица за интервентна полиција, по претходно издадена наредба за претрес на дом од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд, извршен е претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во с. Синѓелиќ, скопско.
- При претресот е пронајдена пушката "хуглу" модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација "екол", кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "предизвикување општа опасност" по член 288 од КЗ, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
