Кривична пријава за скопјанец, наместо во благајна, парите од уплата на тикети си ги присвоил
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје заради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело,, Затајување" предвидено и казниво по чл.239 од КЗ.
Имено, пријавениот А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор" , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000,00 денари, оставајќи ја благајната на уплатно- исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое што бил вработен за 95.000,00 денари.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
