Кривична пријава за скопјанец за бесправно градење, узурпирал државно земјиште
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „бесправно градење“ и „узурпацијата на недвижности“.
Како што соопшти МВР, пријавениот, во текот на септември оваа година, узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на Р.С.Македонија, и без да обезбеди Одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности – градба од втора категорија, за која е потребно Одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење.
Исто така, додаваат од МВР, на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, која што била приватна сопственост на друго физичко лице, започнал со изведување на противправни градежни активности, со што ги сторил кривичните дела.
Ново на Сител
-
Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот