Кривична пријава за стружанец за бесправно градење
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево.
Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во текот на август оваа година, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во местото викано „Еленско“ во близина на хотелот „Макпетрол“ кај струшкото село Калишта.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека се работи за доградба на 11 единечни објекти, бесправно започнати со градба во 1993 година, кои пријавениот сакал да ги догради и да прикаже дека се изградени пред 2011 година со цел да ги легализира согласно Законот за постапување со бесправно изградените објекти кој важи за објекти изградени пред 2011 година.
- На 23 август годинава, градежен инспектор на општина Струга, извршил инспекциски надзор на објектите градени на државно земјиште при што било констатирано дека инвеститор на доградбите е сега пријавениот и дека градбите немаат градежно техничка документација и одобрение за градба. Во записникот е наведено дека во 1993 година, од страна Републичкиот инспектор за градежништво и урбанизам е донесено решение за запирање на бесправно започнатата градба како и решение за уривање на дополнително изградените делови од објектот, изјави Димоски.
Од увидот во имотниот лист, било утврдено дека оваа катастарска парцела кај Калишта е предмет за денационализација, по барање на МПЦ-Манастир „Св. Богородица“.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени