Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ.
Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.
Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек