Кривична против инспектор за загрозување на безбедноста
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.П.(55) од Р.Албанија, овластено лице во фирма од Албанија со седиште во Скопје, против Б.А.(33) од Скопје, вработен во Државен пазарен инспекторат Скопје и Н.Ф.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и против правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. В.П. во 2017 и 2018 година потпишал договор со А.Д. МЕПСО за реконструкција на 110КV далековод, а со градежни активности започнале на почетокот од мај 2019 година. В.П., исто така, во име на правното лице склучил усмен договор со Б.А., за демонтирање на бетонски столбови од трасата на далеководот, а потоа Б.А. преку усмен договор ангажирал негови работници, помеѓу кои и Н.Ф. На 01.09.2019 помеѓу селата Горно Трогерци и Горни Балван, општина Карбинци, Б.А. и Н.Ф., при сечење на арматурното железо со оксиген, од искрите предизвикале пожар, во кој биле опожарени 70 хектари земјиште, 55 хектари сува трева, ожнеани ниви и нискостеблести растенија, земјиште сопственост на Р. Македонија и комплетно биле уништени 15 хектари на насади со вишни, цреши и ореви сопственост на физичко лице од општина Пробиштип. На тој начин тие предизвикале материјална штета од 21.269.755 денари.
Ново на Сител
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос