Македонија
2. December 2019 - 20:24

Кривична за кумановец кој злоупотребил лични податоци на Фејсбук

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(30) од село Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

- На 22.08.2019 оштетениот Н.Ф. на социјалната мрежа „Facebook “ примил порака дека неговиот профил, кој претходно бил деактивиран, станал активен од 16.08.2019.

По преземени мерки било констатирано дека пријавениот ги злоупотребил податоците.