Кривична за поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи.
Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево. На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
