Кривични за две лица за нелегална сеча на шума

СВР Куманово во рамки на оперативната акција „Гора“ поднесе кривична пријава против И.А.(53) од липковското село Опае, поранешен вработен во Агенцијата за катастар во Куманово, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и против М.А. (52) од кумановското село Рамно, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.
Во текот на ноември 2015 година И.А. во договор со М.А., без никаков правен основ, оформил три предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за седум катастарски парцели од катастарска општина Рамно кои биле во сопственост на РМ, со вкупна површина од 84.787 м2. Притоа, во нив внел невистинити податоци за соственоста на парцелите кои откако ги заверил со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем во катастарот, префрлајќи ги во сопственост на второпријавениот.
По ова второпријавениот преку лиценцираното правно лице ДПТУ СИМВИ КОМПАНИ ДООЕЛ Кратово поднел барање за сеча на дрвна маса, врз основа на што извршил сеча на вкупнпо 187 м3 огревно дрво, оштетувајќи го ЈП Македонски шуми за износ од 1.309.000 денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
