Кривичниот суд ќе ја користи салата на Врховен за „Дива населба“

Со одлука на Владата на Република Македонија на скопскиот Кривичен суд му се дава на времено користење сала на Врховниот суд за случајот „Дива населба“, информираат денеска од Основниот суд Скопје 1.
- Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги информира претставниците на медиумите како и адвокатите кои се дел од предметот поврзан со настаните во кумановска Дива населба дека со одлука на Владата на Република Македонија на Кривичниот суд во Скопје му се дава на времено користење недвижен имот односно големата сала која се наоѓа во зградата на Врховниот суд, а истата одлука веќе е објавена во Службен весник на РМ, стои во соопштението.
Со оваа одлука, како што се додава, на Основниот суд Скопје 1-Скопје се дава на времено користење, без надомест, недвижна ствар - сала со површина од 238,81 метри квадратни, која се наоѓа на ул. „Првомајска“ во Скопје, сопственост на Република Македонија, за период од шест месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
- Со оглед на краткиот период од објавување на оваа одлука, заради формалности, односно организирање на просторот и обезбедување технички услови за судење, главната расправа за предметот поврзан со случувањата во Дива населба која беше закажана за 23 мај 2016 година се поместува за 27 мај 2016 година во 10 часот во големата сала на Врховниот суд, информираат од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
