Кривичниот суд не го прифати барањето за притвор на поранешниот директор на Централен регистар

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Основното јавно обвинителство – Скопје за притвор за поранешниот в.д. директор на Централен регистар, Андреа Поповски, кој вчера беше приведен поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата со вработување партиски кадри.
– Судија на претходна постапка го прифати предлогот на одбраната на лицето кое беше спроведено во Основниот суд Скопје 1 по пријава на Финансиската полиција, за определување гаранција со мерка за претпазливост. Согласно член 146, став 1, точка 2, 3 и 6 одреди обврска лицето да се јавува во Судот, привремено одземање на неговата патна исправа и забрана за воспоставување контакт со одредени лица поврзани со кривичното дело, информираат од Кривичниот суд.
За останатите спроведени лица за кои се бара мерка за претпазливост се уште трае постапката.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело.
– Во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, првоосомничениот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата, соопшти денеска ОЈО.
Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, пак, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.
Ново на Сител
-

За Филипче власта ретерира од забраната за двојно државјанство
-

Сиљановска Давкова бара конструктивност од Радев, Мицкоски потврди - Бугарија уште 2 пати не блокираше
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
