-->
-->
Кривопаланечките полицајци им го честитаа празникот на жените од општината
-->
Полициските службеници од Одделот за внатрешни работи, полициска станица Крива Паланка (ОВР) на припадничките на понежниот пол од Крива Паланка кои управуваа со возилата или беа на нивните работни места, со делење на цвеќе им го честитаа Меѓународниот денот на жената, Осми март.
- Нашите службеници денеска на симболичен начин го одбележаа празникот на жената, делејќи им цвеќе на припадничките на понежниот пол при контрола на возилата во сообраќајот, при што им даваа и совети за безбедно управување со моторни возила, а цвеќе им беа поделени и на дамите- пешаци, но и на сограѓанките кои денеска работеа на градскиот пазар и во дуќаните, информираат од Полициската станица при ОВР Крива Паланка.
Сообраќајците им поделија рози и упатија порака за безбедност во сообраќајот и вклученост на жените во целокупниот процес на безбедноста во заедницата,
Акцијата се реализира во соработка со Секторот за внатрешни работи Куманово, Отсек за превенција, согласно предвидените активности од проектите „Полицијата и граѓаните заедно” и „Бизнис и безбедност” чија цел е поголема безбедност во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“