Крмов: ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе прифати уставни измени како со Преспанскиот договор
Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе бидат пред или после избори. Затоа што пред избори повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ. Сите партии, освен Левица, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади.
Нашите извори велат дека сега нема да има пребегување на осум пратеници, туку ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие.
ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласа после Преспанскиот договор. Ако уште едно предавство како со Преспански се случи, со учество на ДПМНЕ, тие ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно предавство, за измени сега на Уставот, и ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање.
Потоа ќе остане само Левица како политички субјект којашто ќе ги собере сите прогресивни сили и од лево и од десно, кои сакаат да пружат отпор.
Борислав Крмов, Левица
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени