-->
-->
Крвава ноќ: Влегле во ресторан тепале гости и му се заканувале на сопственикот
-->

Вчера утрото околу 1 часот по полноќ 1 јануари 2018 во ресторан во с.Слупчане - општина Липково, сопственост на Р.М. (22) од с.Лојане, влегле шест лица и седнале на маса (едниот бил познат на сопственикот).
По кратко време, лицата почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан. Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата. Истовремено, едно од лицата земало чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата.
Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
