Крводарителска акција во Куманово

Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово „Христијан Тодоровски Карпош“ во соработка со општинската организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина денеска организираа крводарителска акција.
Претставникот на здружението, Борко Стојановски изјави дека на акцијата која се организира во чест на нивниот починат член, Александар Ковачевски се очекува да бидат дарувани близу 50-тина крвни единици. Акцијата се совпаѓа со вчерашниот Меѓународен ден на крводарителството.
- Ковачевски беше еден од организаторите на нашите крводарителски акции и радува присуството и на членови и граѓани кои одлучија да даруваат крв на денешната акција, изјави Стојановски.
Крводарителите кои денеска се приклучија на акцијата апелираа до граѓаните, сите оние кои се здрави да даруваат крв и со тоа да спасат нечиј живот.
Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека одѕивот од денешната крводарителска акција е очекуван.
- Оваа е крводарителска акција која се организира помалку од десет години, меѓутоа е редовна во годишниот план и е успешна крводарителска акција. Денеска имаме дарители, поранешни вработени од полицијата, армијата, граѓаните, изјави доктор Елена Ристовска, од Институтот за трансфузиона медицина.
Таа упати апел до редовните крводарители во овој месец да се мобилизираат и да даруваат крв, бидејќи, додаде сега е период на распуст на учениците и студентите, и затоа е пожелно да се дарува крв од страна на дарителите кои се редовни. Институтот за трансфузиона медицина на ниво на Македонија располага со доволно количини на крв од сите крвни групи, но повторно апелираше до редовните крводарители да даруваат крв на акциите.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
