-->
-->
КУД „Македонка“ од Торонто ќе гостува на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола
-->

Културно уметничкото друштво „Македонка“ на Македонците иселеници кои живеат и работаат во Торонто, Канада, ќе учествува на годинешното 45-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола,
На денешната прес-конференција директорот на НУ Центар за култура, Борче Димитровски информира дека фестивалот годинава ќе почне на 28. јули со изложба на детски ликовни творби во рамки на државната изложба која 40 години се негува во овој град.
- На публиката ќе и се претстават квалитетни ансамбли кои доаѓаат од Италија, Полска, Романија, Хрватска и Србија, но со посебен интерес и љубопитност ги очекуваме нашите иселеници од Канада чие КУД „Македонка“ од Торонто втор пат ќе бидат наши фестивалски гости. Сакам да нагласам дека 1-ви август ќе заврши со спектакл, со концерт кој во Хераклеа ќе го приреди групата „Љубојна“ и кои ќе презентираат најнов музички материјал од своето ЦД во подготовка чиј издавач ќе биде нашата установа, односно Центарот за култура, истакна Димитровски.
Новото ЦД на групата „Љубојна“, насловено како „Шербет Љубојна“ се подготвува во соработка со Исмаил Лумановски, кларинетист од Битола со богата светска музичка кариера, посочи Оливер Јосифовски, водач на групата „Љубојна“.
- Новото ЦД претставува голем предизвик за нас бидејќи успеавме да го обезбедиме Исмаил Лумановски кој е насекаде низ светот и кој ќе свири со нас, со што не вклучува во редот на за него блиски соработници. Исмаил Лумановски од битолското музичко училиште сега е во Њујорк, настапувал со Џипси Кингс и со други светски имиња, а на 1-ви август ќе биде во Хераклеа. Музичкиот материјал овој пат ќе го посветиме на Тале Огненовски затоа што сакаме на наш начин да се оддолжиме за неговото мајсторство и дело во македонската музика, истакна Јосифовски.
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
