Кулеба: Мариупол повеќе не постои
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро КУлеба изјави дека градот Мариупол „повеќе не постои“ откако беше под опсада на руските сили цели седум недели.
Тој во интервју за Си-Би-Ес рече дека руските војници „одлучиле да го израмнат градот до земја по секоја цена“.
– Ситуацијата во Мариупол е и страшна, во воена смисла, и потресна. Градот повеќе не постои, рече Кулеба во интервју за емисијата „Соочи се со нацијата“. – Остатоци од украинската армија и голема група цивили се опколени од руските сили. Тие ја продолжуваат својата борба, но, според начинот на кој руската армија се однесува во Мариупол, изгледа тие решија да го срамнат градот со земја по секоја цена, истакна украинскиот министер.
Официјални лица проценуваат дека околу 21.000 се убиени од руските војници во Мариупол, а 120.000 луѓе се уште се во градот. Пред војната, населението на градот изнесуваше 450.000.
Југоисточниот пристанишен град е уништен од континуираните руски напади кои траат речиси два месеци.
Со оглед на тоа што Русија се чини дека се ближи до победата во Мариупол, украинските власти исто така се подготвуваат за засилени напади во источниот регион Донбас, каде што сепаратистите поддржани од Русија имаат контрола на одредена територија. Кулеба рече дека очекува и „очајни обиди на руските сили … да завршат со Мариупол по секоја цена“, а ракетните напади врз Киев и другите градови да продолжат.
Ново на Сител
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба
-
Утре одлука на Таравари: Останува во Вреди или сам ќе трча на локалните избори
-
Муцунски од Луксембург: Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ
-
Зголемена наплатата на вкупните приходи, најмногу од дивиденди од државните институции
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани