Кулеба: Оружје и санкции од Западот, а Украина ќе го стори останатото
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека на неговата земја и треба „оружје и санкции од Западот, а Украина ќе го стори останатото“.
„Постојат многу фактори кои прават разлика во позицијата на Русија во преговорите, првиот е жестокиот отпор на украинската армија и украинскиот народ на теренот; вториот се санкциите наметнати на Русија, санкциите кои предизвикуваат пад на руската економија“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека „континуираниот отпор и санкциите ја принудија Русија малку да го промени својот став“.
„Позицијата на Русија во преговорите станува поинаква, но тоа не би можел да го наречам драматична или сериозна промена на позицијата. Но, во овие околности, секоја промена на руската позиција е конструктивна. Тие првично бараа еднострано предавање на Украина и тоа не е прифатливо… Но, морам да бидам јасен, и руската и украинската делегација се далеку од постигнување договор за актуелната ситуација“, рече Кулеба.
Запрашан за неговиот руски колега Сергеј Лавров и неговата реторика за „деназификација“ на Украина, Кулеба рече: „Слушајте, Русија никогаш, никогаш нема да признае дека направила отстапка или дека сфатила дека целите што си ги постави не се остварливи. Секогаш јавно ќе кажува дека се е во ред, се оди според планот и тоа е токму тоа го сакавме. Што и да рече министерот Лавров на прес-конференцијата, јас знам две работи: ако Украина добие доволно оружје за одбрана, ако притисокот на санкциите продолжи, Русија ќе направи сериозни отстапки“.
Кулеба повика на претпазливост при читањето руски пораки.
„Треба да се разберат две работи и ќе ги повторам бидејќи се клучни: оружје и санкции, а Украина ќе го стори останатото“, истакна Кулеба.
Ново на Сител
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
