Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
Уште еден случај на измама за наводна сообраќајна несреќа регистрира кумановската полиција. Вчера 65 годишна жена пријавила дека била измамена за сума од 30.000 евра.
И нејзе како и во претходните случаи и се јавило лице кое се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзина ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и ѝ побарало пари за да не ја гонат кривично.
-Вчера во 14:30 часот, 65 годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена, соопшти полицијата, која презема мерки за расчистување на случајот.
Завчера во СВР Куманово биле пријавени три случаи на измама, во кои две лица платиле 4.000 евра, едниот од кумановците се посомневал и пријавил во полицијата без да плати. Жртви на измамата била 66 годишна жена која платила 2.500 евра и уште еден повозрасен кумановец 83 годишен кој платил 100.000 денари. Во сите три случаи, лицето се претставувало како полициски службеник, ги информирал дека нивни блиски членови на семејство, синови или ќерки направиле сообраќајна несреќа во која наводно било прегазен дете мигрант, по што барале пари за да не го гонат кривично.
Лани на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани две измами со сообраќајни незгоди. Според пријавите, сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и дека потребна одредена сума на пари за да се изврши операција или да не бидат кривично гонети.
-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измамите, соопштија од СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена