Куманово и Бања Лука се збратимија
Куманово и Бања Лука се збратимија. Договорот за збртимување го потпишаа градоначалниците Максим Димитриевски и Игор Радојчиќ, при посетата на градоначалникот и претседателот на Советот на општината, Атина Мургашанска, на овој град по повод одблежување на Денот на Бања Лука, соопштија од одделението за односи со јавност на Куманово.
-Во последните осум години нашите градови соработуваат интензивно на полето на култура и уметноста. Онаа што беше најбитно е што бевме едни до други во најтешките мигови, а тоа е во 2014 година кога Бања Лука имаше големи проблеми со поплавите и во 2015 година кога Куманово имаше немили настани. Нашата соработка продолжува понатаму, разговаравме за можна соработка во областа на спортот, образованието и на поле на бизнисот-ја пренесуваат изјавата на Димитриевски, од одделението за односи со јавност.
Градоначалникот Радојчиќ истакнал дека соработка со Куманово е од големо значење за нивниот град.
-Во досегашната соработка со Куманово се почуствува една искрена топлина и пријателство помеѓу нашите два града и онаа што секогаш можеме да го превземеме од нашите пријатели од Куманово е таа срдечност и топлина. Голема е среќата да се има уште еден ваков пријател, истакнал градоначалникот Игор Радојичиќ.
Во Бања Лука, присуствувале претставници од петнаесет градови од околината и регионот, кои имале можност да ја проследат богатата програма по повод празникот на градот.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?