-->
-->
Кумановската касарна „Боро Менков“ го одбележа патрониот празник
-->

Кумановската касарна „Боро Менков“, денеска го одбележа патрониот празник и 76-годишнината од загинувањето на народниот херој Боро Менков.
По тој повод, претставници од касарната „Боро Менков“ Куманово, од Сојузот на борците, од кумановската градинка „Ангел Шајче“ денеска во кругот на касарната положија цвеќе пред спомен бистата на народниот херој, чије име го носи касарната.
Пред присутните со пригоден говор се обрати, командантот на касарната потполковник Ердоан Хасан, кој се осврна на формирањето на Карадачкиот одред чиј командант бил Боро Менков, кој заедно со Перо Георгиевски, Бајрам Шабани, Аритон Димковски и други дејствувале во карадачкиот терен со цел, разгорување на вооруженото востание.
- Идеалите за храброст, херојство, пожртвуваност и патриотизам кон сопствената држава и народ на Боро Менков и неговите соборци како да се пренесени на сегашните генерации. Како и тогаш, така и сега задачите и обврските се големи, а целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со нашата храброст и патриотизам низ секојдневните активности и ангажирања го докажуваме тоа, рече командантот Хасан.
Пред присутните за ликот и делото на народниот херој, говореше и историчарот од кумановскиот Музеј, Марија Живачки која истакна дека Боро Менков, е таква личност од историјата чии што револуционерни дела остануваат гордост на нацијата, кои се неповторливи борци за слободата и независноста.
- Денеска одбележуваме 76 години од херојската смрт на овој наш истакнат револуционер и првоборец, рече Живачки.
Боро Менков бил прогласен за народен херој во 1951 година.
На прославата во касарната присуствуваа претставници од претпоставените команди, преставници од државна управа, јавните установи и служби, правни и физички лица со кои АРМ соработува, кои ја проследија културно уметничката програма на учениците од гимназијата „Гоце Делчев” и на децата од градинката „Ангел Шајче“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
