Кунгуловски: Делта сојот многу полесно се пренесува поради високата концентрација на вирусот

Д-р Горан Кунгуловски вчеравечер во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека разликата помеѓу Делта сојот и останатите соеви на Ковид-19 е во тоа што Делта сојот побрзо се пренесува поради високата концентрација на вирусот во носот и грлото.
-Ако за детекција на претходниот коронавирус во просек биле потребни околу пет денови, сега за детекција на Делта сојот со ПЦР тест, се потребни два до три дена. Колку повисока концентрација толку полесно се детектира овој вирус. Ако ги земеме позитивните аспекти бидејќи има повисока концентрација, овој Делта вирус многу полесно се детектира и со Рапид антиген тест, кои се помалку сензитивни од ПЦР тестовите. Бидејќи Делта сојот оди во таа насока, голем дел од овие пациенти кои се суспектни на зараза би се детектирале и со рапид антигенски тестови, изјави Кунгуловски.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
