Курц предупредува на радикализија и екстремизам во глобални рамки

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк предупреди на опасноста од радикализација и насилен екстремизам во глобализираниот свет.
Тој во своето обраќање нагласи дека верскиот екстремизам не е закана само во регионите во кои постојат конфликти, туку и во „срцето на нашите општества“.
Курц смета дека безбедноста и стабилноста можат да бидат постигнати само со мултилатерални напори.
Тој укажа и дека изминатите години е видлива драматична закана за безбедноста, човековите права и основите права во сите сфери на животот, на пример преку влијанието на верскиот екстремизам врз младите.
Како пример тој наведе десетици илјади странски борци во Исламска држава, меѓу кои повеќе од пет илјади од Еврпската унија, а 300 од нив во Австрија.
Уништувањето на исламистичките групации во земјите како што се Сирија, Ирак или Либија е најважната мерка во борбата против радикализацијата, а доколку тоа не успее тогаш во Европа или на кое било друго место во светот нема да постојат безбедни места, додаде австрискиот министер за надворешни работи.
Курц во своето обраќање се заложи и за доследно нуклеарно разоружување, како и за забрана на експлозивни оружја во населените подрачја.
- Употребата на такво оружје во градовите или во други урбани зони погодува 90 отсто од цивилното население, рече тој наведувајќи ја Сирија како пример.
- Разорувањето на домовите, болниците или училиштата го принудува населението на бегство, предупреди Курц.
Австрија, како што рече е за правно обврзувачка забрана на нуклеарното оружје од 2017 година, а во врска со тоа наскоро ќе поднесе соодветна резолуција.
Ново на Сител
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
