Курц: Ризикот од нови мутации е реален и ќе треба прилагодување на вакцините

Вакцинација на населението е најголем приоритет на национално, европско и глобално ниво, истакна синоќа во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој потенцираше дека дека единствено ако се успее да се вакцинира поголемиот дел од населението до лето можно е враќање во нормала.
– Сите знаеме дека оваа пандемија нема да заврши летоска, рече Курц, нагласувајќи дека ризикот од нови мутации е реален и поради тоа е извесно дека вакцините ќе мора да се прилагодат.
Курц, во говорот на доделувањето на наградата „Аксел Шпрингер” во Берлин, посветен на основачите на Бионтек – Угур Сахин и Езлем Тиреци, оцени дека историјата на човештвото е историја на напредок.
– Меѓутоа, тој пат никогаш не бил лесен. Секогаш постоеле трагедии, како што се елементарни непогоди, војни или пандемии, потенцира австрискиот канцелар. Тој рече дека човештвото минатата година беше потсетено на ризиците, трагедиите и моќта на напредокот.
– На почетокот на 2020 година ретко кој можеше да предвиди колкава глобална криза ќе предизвика коронавирусот. Вирусот се одрази на сите индивидуални, економски и политички. – Но добрата вест е дека светлото е се поблизу како доаѓаме до крајот на тунелот. Не се прошири брзо само коронавирусот, туку и брзината на научниот прогрес, потенцираше синоќа Курц.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
