-->
-->
Курц: Затворањето на балканската мигрантска рута беше правилен чекор
-->

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц денеска оцени дека затворањето на балканската рута претставувал правилен чекор.
Тој пред Одборот за надворешна политика на австрискиот Парламент ги негираше тврдењата на пратеничката од Зелените, Ален Корун дека затворањето на балканската рута најмногу ги оптоварило Грција и Италија.
Курц ги демантираше тврдењата на Корун дека Австрија води политика на оградување од бегалците.
- Ние не смееме да ги затвораме очите пред страдањето во светот. Меѓутоа, со неограничениот прием на бегалци во Централна Европа не може да се намалат страдањата, посочи Курц.
Тој се заложи за употреба на средства од Европска унија за подобрување на ситуацијата на луѓето на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
