Курдите тврдат дека ја одбиле турската копнена офанзива

Курдските сили денеска соопштија дека ја одбиле турската копнена офанзива во североисточна Сирија.
Во тек се жестоки борби меѓу турските трупи и борците на сириските демократски сили во села на границата меѓу двете земји, изјави денеска курдски претставник.
– Жестоките борби продолжуваат додека турските сили се обидуваат да влезат во села на границата, изјави Мавран Камишло, портпарол на сириските демократски сили, организација предводена од сириските Курди.
Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека армијата продолжува да напредува кон курдските борци во северна Сирија.
Турски трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници вчера навлегоа во североисточна Сирија, со што почна турската инвазија, при што загинаа 15 цивили, а 20 се повредени.
Претходно турски воени авиони и артилерија ги нападнаа позициите на курдските борци во прекуграничната воена операција, само неколку денови откако американските сили се повлекоа од тоа подрачје.
Претходно, Си-Ен-Ен Турк јави дека од сириска територија синоќа истрелани се три проектили врз турскиот пограничен град Акчакале во округот Шанлаурфа. Се уште нема информации за жртви, предизвикана е само материјални штети врз неколку куќи во градот.
Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14 октомври заради воената операција.
Турската инвазија наиде на осуда од меѓународната заедница, а Обединети нации и Арапска лига ќе одржат вонредни состаноци.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
