Курдскиот опозициски лидер Демирташ остана неповреден во напад врз неговиот автомобил
Лидерот на турската прокурдска опозициска партија Селахатин Демирташ останал неповреден откако било пукано врз неговиот блиндиран автомобил, пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на Демократската партија на народите изјави дека врз Демирташ веројатно е извршен обид за убиство.
-Задното стакло на блиндираниот автомобил било погодено од куршум додека Демирташ и неговото обезбедување патувале за градот Дијарбекир, во југоисточна Турција, изјави портпаролот.
Демирташ за агенцијата Фират изјави дека тој и неговото обезбедување забележале вдлабнатина од куршум, кога излегувале од возилото. Полицијата не открила чаура.
„Смртта доаѓа по божја наредба“, напиша Демирташ на Твитер по нападот.
На вонредните парламентарни избори овој месец Демократската партија на народите го мина 10-процентниот излезен праг и го задржа своето парламентарно присуство, откако на изборите во јуни за првпат влезе во Парламентот, потсетија британските медиуми.
Приврзаниците на прокурдската партија три пати беа напаѓани во текот на последните неколку месеци. Во атентатот во Анкара минатиот месец, извршен веројатно од Исламска држава, загинаа над 100 лица.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени