Курдските борци во Ирак спасиле Швеѓанка заробена од ИД
Курдските борци во Ирак спасиле една 16-годшна Швеѓанка, која била заробена од џихадистите на Исламска држава (ИД), близу до Мосул, соопштиле курдските автономни власти.
Во соопштението што го пренесуваат странските агенции се вели дека девојката потекнува од градот Борас, дека ослободувањето било извршено уште во текот на минатата среда.
Курдските власти тврдат дека девојката била заведена и измамена од еден припадник на ИД во Шведска, да отпатува со него во Сирија, а оттаму во Ирак.
Според овој извор се тврди дека девојката била бремена кога побегнала од Борас во мај 2015 година. Во август минатата година, била заробена од џихадистите во реонот на градот Алепо, а потоа префрлена на територијата на ИД.
Минатиот август, шведското Министерство за надворешни работи потврди дека „една шведска малолетничка“ се наоѓа во Сирија и дека Министерството е во контакт со нејзиното семејство.
Официјален Стокхолм сега тврди дека нема сознанија за случајот што го опишуваат Курдите, но властите во автономната курдска територија во Ирак инсистираат дека соработувале со шведските власти и со семејството на девојката, кои побарале од курдските борци да помогнат во нејзиното спасување. Курдските власти соопштуваат дека младата Швеѓанка се наоѓа на курдска територија и дека ќе биде префрлена во Шведска, тогаш кога двете страни ќе постигнат согласност за тоа.
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче