Курир: СДСМ за утре подготвува измама на граѓаните - ова е нивниот план
СДСМ и Зоран Заев за утре подготвуваат нова измама за македонскиот народ преку разни комбинаторики со кои претседателското место во македонското Собрание по изборот на Влада ќе му припадне на некој од командантите на ОНА, пишува Курир.
Имено, според информациите до кои дошол порталот, планот на СДСМ е на утрешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, партискиот генерален секретар Оливер Спасовски да биде предлог за претседател на Парламентот, кој на денот на изборот на Влада ќе даде оставка.
Нашиот извор вели дека на овој начин СДСМ и Заев ќе обезбедат гаранција дека сите 67 пратеници кои му ги дадоа потписите на Заев ќе гласаат за новата Влада. Откако таа ќе биде изгласана, планот на СДСМ за измама на народот е Спасовски да се префрли на функција министер за внатрешни работи, додека претседателското место во Собранието да и’ припадне на ДУИ.
Овие комбинаторики преку кои СДСМ ќе се обиде да ги измами граѓаните значи дека претседателското место во македонското Собрание по изгласувањето на Владата ќе му припадне на некој од командантите на ОНА, со што и официјално ќе започне реализацијата на Тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама во Македонија.
Утре во 12 часот во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на комисијата за избори и именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино