Курт Расел сака да се пензионира
Во својата славна, речиси 60-годишна актерска кариера, Курт Расел ги глумеше 12-годишниот Мајк во „Се случи во светот на реалноста“ со Елвис Присли, понатаму – „змијата“ Снејк Плискен („Бегство од Њујорк“ и „Бегство од Лос Анџелес“), Мекреди („Нештото“ / The Thing), Вајат Ерп, Брукс, Семоќниот Јас („Чувари на галаксијата 2“)… Сепак, се чини дека неговата улога на Дедо Мраз во филмот „Божиќни хроники 2“ (The Christmas Chronicles 2) на Нетфликс може да му биде и последна.
Тоа, барем според Крис Колумбос, славниот режисер од „Сам дома“ и „Хари Потер“, кој беше одушевен со Расел и неговата изведба во првиот дел од семејната божиќна драма од 2018 година. Тој седна на режсерското столче и заради продолжението, чие прво прикажување се случи вчера.
– Кога ова момче (Расел, 69) го глуми Дедо Мраз, тоа, главно не „се сфаќа сериозно“. Кога го толкува Дедо Мраз, тој пишува 170 страници од приказната и митологијата на овој човек. Тоа е обврска на глумецот. Тој е посветен на оваа улога на начин на кој вие би очекувале (Роберт) Де Ниро да му биде посветен на Џејк ЛаМота („Разјарениот бик“), изјави Колумбос за „Јаху ентертејнмент“.
Според режисерот, токму тоа ја докажува големината на Расел како глумец.
– Во една прилика ми рече: Сакам да појдам кон залезот, ова е последната улога што ја толкувам. Тој сака да продолжи да го прави ова… Длабоко во неговата душа, тој е посветен на оваа улога. Тоа значи дека осум недели растење на брадата со малку додатоци, работејќи со сценариото секоја вечер пред да снима со мене. Тоа е силна посветеност. И тој го сфаќа тоа многу сериозно, вели Колумбос.
Во новиот филм глуми и Голди Хоун – долгогодишна животна сопатничка и добро позната негова филмска партнерка во повеќе други филмови.
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места