Курти: Бандите диригирани од Вучиќ ги интензивираа нападите во северно Косово
Косовскиот премиер, Албин Курти ги осуди вчерашните напади со експлозивни средства во северно Косово, за што ги обвини криминалните структури во таа област, за кои вели дека се „платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател“, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти преку неговата страница на Фејсбук порача дека, поради вчерашните напади врз канцелариите на Општинската изборна комисија во Северна Митровица и во Зубин Поток, во тој дел од земјата ќе има зголемено полициско присуство.
– Криминалните банди ги интензивираа нападите во северно Косово Тие знаат дека им доаѓа крајот. Владата на Косово ниту се пазари со нив, ниту ќе ги поднесува. Бомбите кои ги фрлаат, куршумите кои ги истрелуваат и маските кои ги носат се нивната политичка и народна немоќ. Со овие злосторства и вооружени напади северно од Ибар, секако дека ќе имаме повеќе косовска полиција таму, напиша Курти.
Тој порача дека во тој дел од Косово „нема поделба меѓу Србите и Албанците, туку меѓу криминалните банди и граѓаните“.
„(…) Ќе има истрага и прогон на тие криминалци, кои се платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател. Бројните прекршувања на законот нема да бидат простени, а намерите за криминална дестабилизација ќе пропаднат. Во четирите општини на север (населени со мнозинско српско население) нема поделба меѓу Србите и Албанците, туку меѓу криминалните банди и граѓаните, напиша Курти.
Тој побара од граѓаните да придонесат за зачувувањето на мирот и стабилноста во земјата „да ја поддржат косовската држава и полицијата, сите службеници кои ги бранат уставноста и законитоста, републиката и демократијата.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
