Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември
Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак биле синхронизирани и во координација со српскиот претседател, Александар Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната прес-конференција, на која информираше за средбата која заврши без резултати, Курти рече дека Борел и Лајчак го изложиле на сценарио кое претходно го дизајнирале со цел формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство да го стават во фокусот на основниот договор, без да предвидат спроведување на другите делови од договорите меѓу Приштина и Белград.
Курти рече дека тоа категорично го отфрлил, понудувајќи конкретен план за последователно спроведување на договорот врз основа на сеопфатниот принцип.
- Понудив конкретен предлог за целосна имплементација на основниот договор за сеопфатниот принцип, каде што се спроведува секој дел од овој договор. Меѓутоа, на средбата беше побарано од мене да преминам на преговарачки процес за изготвување на статутот на Заедницата, но јас јасно им ставив до знаење на европските претставници дека целиот договор треба целосно да се спроведе и да не се фокусира на една точка, рече Курти.
Според него, на средбата во Брисел се отиде „предалеку во напаѓање на иднината на Косово“.
- Тие отидоа предалеку во напаѓање на иднината на Косово. Во поканата за средбата не беше дефинирана конкретна точка од дневниот ред, туку таму се зборуваше за планот за имплементација на постигнатиот договор. Нашиот предлог се засноваше на принципот на инклузивност што значеше дека секој член треба да биде вклучен во планот за имплементација. Не сум јас тој што го открил принципот на сеопфатност, рече Курти.
Ново на Сител
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
