Курти: Официјалниот извештај ќе го расветли инцидентот со Османи на Скопскиот аеродром за никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации
Официјалниот извештај по соодветната истрага во целост и во детали ќе го расветли инцидентот што се случи на 2 август во ВИП-салонот на Скопскиот аеродром со претседателката Османи за да разбереме што точно се случило и никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации, порача денеска косовскиот премиер Албин Курти од Скопје.
-Настанот на 2 август на Скопскиот аеродром несомнено беше доживеано и тешко искуство за претседателот на Република Косово Вјоса Османи Садриу, која беше со семејството и двете мали ќерки. Органите на Северна Македонија, државниците изразија жалење за случајот и ќе има официјален извештај кој ќе го расветли ова прашање во целост и во детали за да разбереме што точно се случило, но и да не ни се повторат никогаш повеќе вакви ситуации, рече Курти во одговор на прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по официјалната средба во Владата.
Прашан дали останува на оценката дека тоа е провокација кон Косово, Курти рече дека тоа не е официјален став на косовските институции.
-Не знам дека како институции сме имале таков став, може да го кажал некој од граѓаните на Косово, но не и институциите на Република Косово. МНР даде своја изјава што е став на Република Косово, го видовме и ставот со јавна изјава на МНР на Северна Македонија. Верувам дека треба да имаме за цел вистината, а никако тензии, посочи Курти.
Повика да се расветли случајот и додаде дека соодветните органи ќе го направат тоа.
-Премиерот Мицкоски и јас не можеме да бидеме и цариници и полиција и инспекторатот на полиција и тие што го надгледуваат аеродромот итн. Во однос на суштината на прашањето одговоривме и мерките се преземаат, прецизира Курти.
На прашањето дали премиерот Мицкоски му се извинил за случајот, бидејќи претходно самиот го побарал тоа, косовскиот премиер го избегна одговорот и рече дека официјалниот извештај по соодветната истрага ќе го расветли случајот.
-Несоодветните однесувања однесувања и прекршувањата на правилата, сето ова што е искажано досега ќе се расветли од официјалниот извештај по соодветната истрага. Согласно моите информации и гледајќи ги ставовите на двете министерства за надворешни работи оптимист сум дека во иднина нема да се повторат вакви ситуации, потенцира Курти.
Оцени дека двете земи имаат добри билатерални односи засновани на заеднички вредности и со посебен осврт кон европските интеграции.
-Нашите две земји имаат билатерална соработка во сите области, од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка на нашите интеграции во меѓународните организации, особено во Европскиот совет и во НАТО. Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи. Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на натамошна билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси, посочи Курти.
На 2 август во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.
Од кабинетот на Османи по настанот објавија дека обезбедувањето на Скопскиот аеродром се обидело да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што според нив е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.
Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија, пак, категорично ги отфрли наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка. -Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочија тогаш од ТАВ Македонија.
Ново на Сител
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни