Курти: Се уште не сум одлучил дали ќе одам на состанокот што го најави Борел
Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјави дека се уште не одлучил дали ќе оди во Брисел на состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно го најави високиот претставник.на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Борел вчера изјави дека следната недела ќе ги покани Косово и Србија на состанок за „управување со кризни ситуации“.
„Што се однесува до повикот на господинот Борел за средба во Брисел, ми е малку чудно, бидејќи кога го прашавме за состанок во Брисел минатата недела, тој рече дека нам прво ни е потребна деескалација на ситуацијата. И веднаш по киднапирањето на тројца полицајци од страна на српската специјална единица, Борел бара средба на високо ниво“, рече Курти.
Тој додаде дека повикот дошол кога „ескалацијата е голема како планина“.
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ