Македонија
20. August 2023 - 14:08

Кузеска: Мицкоски е против членството во ЕУ, исто како Груевски

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Сега веќе е кристално јасно дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски.

Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО. Само за да го пљачкаат народот.

Мицкоски ја продолжи таа анти НАТО и анти ЕУ политика.

Беше против членството на НАТО и цело време работи против членството во ЕУ.

Без ниту една забелешка за предложната содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата.

ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.

Мицкоски сака земјава да биде повторно да ја држи во 11 годишна изолација.

Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат.

Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години.

Почитувани,

Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски.

Македонскиот народ кој е проверопски оринтиран и сите граѓани кои се членство во ЕУ ова нема да го простат. 

Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.

80% од македонските граѓаните се за членство во ЕУ, сакаат да живеат во европска држава, членка на НАТО и ЕУ. 

Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации на СДСМ